Илон Маск го зголеми богатството на 90 милијарди долари


По успешната деловна недела, богатството на Илон Маск, американски претприемач и сопственик на Тесла, се зголеми за 15 милијарди долари и сега изнесува 90 милијарди долари.

Маск објави дека компанијата Тесла успеала да се пробие на најважниот индекс на берзата во Њујорк S&P 500, кусо време откако неговата вселенска компанија Спејс Икс испрати четири астронаути во вселената.

Маск, кој пред неколку дена соопшти дека од четири направени тестови на коронавирусот, два биле негативни, а два позитивни, се проби на третото место на списокот на најбогати луѓе на планетата.