Илјадници луѓе во Лондон побараа прекин на огнот во Газа, полицијата изрази разбирање


 Илјадници демонстранти денеска во Лондон побараа прекин на огнот во Појасот Газа во присуство на голем број полицајци, извикувајќи „Слободна, слободна Палестина! и се упатија до Амбасадата на САД.

Некои држат знаци на кои пишува „Стоп за геноцидот“ и „Од реката (Јордан) до море (Медитеран)“, контроверзен слоган за кој некои велат дека значи уништување на Израел.

Полицијата предупреди дека денеска ќе работат „без страв и пристрасност“ и дека ќе бидат „независни, непристрасни“ но и ќе го бранат „демократското право“ на сите да демонстрираат.

Од почетокот на војната во Појасот Газа, десетици луѓе се уапсени на демонстрациите во Лондон.