Илјадници демонстранти на улиците во Лондон се судрија со полицијата


Илјадници антирасистички демонстранти, како и екстремно десничарски активисти, се собраа во Лондон и покрај повиците на владата и безбедносните сили да не го сторат тоа заради пандемијата од коронавирус.
Десетици екстремно десничарски демонстранти се судрија со полицијата пред зградата на парламентот и бариерите поставени во близина на Вајтхол. Се фрлаше пиротехника и шишиња, соопштија очевидци за Ројтерс.
„Сосема неприфатливо насилство“, рече министерот за внатрешни работи Прити Пател, коментирајќи ги судирите на Вајтхол.
„Секој што е насилен или вандализира, мора да очекува да се соочи со целосната сила на законот“, напиша Пател.
„Одете дома и запрето го ширењето на коронавирусот и спасете животи“, ги таа повика демонстрантите.

Во Лондон избија немири на кои учествуваат фудбалски навивачи, јавуваат британските медиуми. Како што напиша новинарот на „Би-Би-Си“ Доминик Кашиани на својот Твитер, фудбалски навивачи од екстремната десница, се судриле со полицијата. Тие фрлаа шишиња, лименки и чадни бомби. Исто така, се посочува дека биле агресивни кон новинарите или кон оние што им личеле на медиумски работници.

Претходно оваа сабота, беше планирана акција против расизмот. Поради загриженоста за можни судири со екстремната десница, таа беше презакажана. Нејзините организатори побараа да се воздржат од учество во промоции тој ден.

Сепак, фудбалските фанови поддржувачи на ултрадесничарската идеологија и другите демонстранти излегоа на плоштадот пред парламентот и споменикот на Винстон Черчил. Како што тврди „Би-Би-Си“, тие тврделе дека ги штитат симболите на Британската империја.

Претходно, еден од приврзаниците на движењето „И животите на црните се важни“ за време на протестен митинг напиша на споменик на Черчил дека тој бил расист. Британскиот премиер Борис Џонсон изјави дека се спротивставува на иницијативата за рушење на споменикот на Черчил и на другите историски личности обвинети за расизам. Натписот од споменикот беше отстранет.

Илјадници антирасистички демонстранти пристигнаа на демонстрациите низ Велика Британија, игнорирајќи ги повиците на премиерот Борис Џонсон, кој тврди дека протестите за „Black Lives Matter“ (BLM) биле „киднапирани од екстремисти кои планирале насилство“.
„Тие нема да не замолчат“, стои во објавата на страницата на Фејсбук на лондонскиот BLM.
Лондонската полиција издвои одделни зони во центарот на градот за антирасистички протести и за контра-протести од страна на екстремно десничарските групи, наложувајќи им на сите да бидат подготвени до 5 часот по полноќ.
„На сите што планираат да се приклучат на #BlackLivesMatter протестите овој викенд: за ваша безбедност, ве молам, останете дома и пронајдете безбеден начин да го слушнат вашиот глас“, напиша градоначалникот на Лондон, Садик Кан на својот профил на Твитер во саботата, порачувајќи им на екстремно десните групи дека „Лондончани немаат време за нивната омраза“.
Британската полиција ги предупреди демонстрантите дека излегувањето на улиците ќе ги наруши британските мерки за социјално растојание, со кои е утврдено дека може да бидат присутни максимум шест лица.
На протестите против расизмот во Велика Британија во текот на изминатите три недели им се придружија стотици илјади мирни демонстранти, но британските медиуми и политичари нагласуваат напади врз полицајци.
Јавноста спори и за уништувањето на статуи на историски личности поврзани со трговијата со робови и империјализмот.