Илија Димовски: ВМРО-ДПМНЕ не е ничија лична сопственост

Фото: Б. Грданоски

Поранешниот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, не кажува дали Христијан Мицскоски треба да си поднесе оставка од лидерската позиција во партијата.Димовски во вечерашнното гостување на Телевизија 24 рече дека немало да се појави ниту на протестот на Митко Јанчев за оставка на Христијан Мицкоски, ниту на контрапротестот на Александар Пандов против оставка на Мицкоски.

„Статутот на ВМРО-ДПМНЕ е така поставен за оставката на лидерот да зависи од понудена или непонудена оставка. Тоа прашање треба на Мицкоски да му го поставите. Она што е значајно за мене е дека ВМРО-ДПМНЕ треба да најде начин, модалитет, стартегија, концепт којшто ќе го врати на победничка патека. Сам ниеден човек не може да даде одговор на тоа прашање, тоа прашање треба да го одговорат повеќе луѓе низ една сеопфатна стартегија како да се надминат слабостите кои што ги покажа партијата. Партијата не е лична сопственост на никого и никој нема доволно тежина сам да се нуди себеси за спас на состојбата“,рече Димовски.