Илија Димовски ѝ порачува на опозицијата да биде поактивна за образованието

Фото: Б. Грданоски

По само неколку седници на Собранието долгогодишниот поранешен пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, побара од опозицијата да биде поактивна и да покаже иницијатива околу учебната година во училиштата, затоа што власта била неспособна.

Наведувајќи ги датумите во 10 земји од регионот во кои веќе е започната учебната година и покрај пандемијата со корона вирусот, Димовски на Фејсбук пишува дека Македонија ќе биде последната земја каде што учениците ќе се вратат во училиштата. Иако вели дека власта е виновна за „колабирање на образовниот систем“, Димовски се чуди зошто опозицијата во паралментот нема иницијатива со која би се разгледувале состојбите со образовабнието и процесот во училиштата да се врати што е можно побрзо според безбедносни протоколи. Тоа е спротивно на постојаните залагања на врвот од неговата партија кој бара и натаму да се одложува отворањето на улиштата. Илија Димовски предлага и повеќе работи што треба да бидат преземени за бебеден образовен процес. (Н.В.)