Илегално се градат 80 објекти на Попова Шапка


Иницијативата „Да ја спасиме Попова Шапка“ испрати барања до повеќе институции од кои се бара итно преземање на мерки со цел да се спречи нелегално градење на нови објекти околу скијачкиот центар и викенд населбата.  Барањата и доказите се доставени до градоначалничката на Тетово, СВР Тетово, Обвинителството, Државен инспекторат за градежништво и урбанизам и Министерство за транспорт и врски.

-Ова е барање на многу жители, сопственици на викендички и хотелиерски субјекти. Во комуникација со градежниот инспекторат, истите потврдуваат дека од Полициската станица – Попова Шапка редовно им стигнуваат дописи дека во викенд населба Попова Шапка никнуваат објекти и при тоа се узурпираа земјиште, кои немаат никаква правна документација врз тоа каде градат. Врз база на податоците што ги имаме моментално се градат околу 80 објекти во парцели каде што имотно правните односи на инвеститорите се спорни, бидејќи истите се градат во државно земјиште (узурпација), се вели во дописот на иницијативата.

Хамди Сулејмани од Иницијативата вели дека ќе побараат личен ангажман на градоначалничката околу надминување на проблематиката.

омуналните градежни инспекторати да постапат по законски регулативи и да почнат да ги разгледат сите предмети по редослед. Да не се спроведува постапка за легализација на дивоизградени објекти  и да не се дава позитивно решение за објекти кои се градени после 2011. Градежниот инспекторат да не дозволува објектите кои се почнати да се градат со оглед дека за истите постои записник за прекин на градбата. Се бара од јавното Обвинителство да го истражи овој предмет, во заедничка комуникација со СВР – Тетово и комуналниот градежен инспекторат и да се постапи по законска регулатива и истите градежни активности да се прекинат и земјените површини кои се узурпирани да се вратат во првобитната состојба, вели Сулејмани.

Од Иницијативата посочуваат и образложуваат дека на Попова Шапка се прекршуваат голем број одредби од законот за градење.