Илегално продавале маски со грбови од италијански фудбалски великани


На Апенинскиот Полуостров, вистински доказ дека на луѓето може се да им падне на памет во вонредни ситуации.
Имено, во продажба се појавија маски за заштита од вирусот со грбовите на Интер, Милан, Јувентус и Наполи.
Маските веднаш биле разграбани, но полицијата со истрага утврдила дека не се работи само за црн пазар, туку дека тоа се неисправни маски што ги доведуваат купувачите во опасност.
Полицијата ги уапси „досетливите“ кои сакаа да заработат на маката на народот.
Сите маски се запленети, а наскоро ќе им се суди на сторителите не само за злоупотреба на грбовите на фудбалските клубови, туку и за загрозување на безбедноста на граѓаните.