ИКЕА повлекува од пазарот една столица – ако ја имате дома, не седнувајте, вратете ја


ИКЕА ја повлекува ODGER канцелариската столица со боја на антрацит со ознаки на датумот до 2221 поради опасност од пад и повреда.

ИКЕА апелира сите купувачи кои поседуваат канцелариска столица ODGER со боја на антрацит со ознаки за датумдо и заклучно со2221, да престанат да ја користат о да се обратат до компанијата ИКЕА заради враќање на парите.

Безбедноста на купувачите секогаш се појдовна точка за компанијата ИКЕА. Затоа ја повлекува столицата ODGER 2221 (каде 22 означува година, а 21 неделата на производство), поради ризик од тоа ѕвездестото постоље да пукне, а корисникот да падне и да се повреди.

ИКЕА вели дека сите што ќе пријават ќе ги добијат парите назад. Доказ (сметка) за купувањето не е потребен.

Називот и ознаката со датумот на производство се наоѓаат под седиштето, втиснати во материјалот на столицата.