ИЈЗ отвори Центар за откажување од пушење цигари
Во Институтот за jавно здравје од неодамна започна да функционира Центар за советување за откажување од пушење, информираат оттаму.
„Имаме телефонска линија за советување, преку која целта е да г поддржи граѓаните во пеоцесот на откажување од пушењето. Квалификувани стручни лица нудат персонализирани совети и стратегии за успешно ослободување од пушењето. Линијата ќе биде достапна секој понеделник и среда од 11 до 13 часот. Јавете се на: 078 285 873“, информираат во ИЈЗ.