Играч од Флорида го освои џекпот од 1,58 милијарди долари на лотарија
Играч од Флорида го освоил џекпот од 1,58 милијарди долари на лотаријата „Мега милиони“, се наведува на веб-страницата на лотаријата.
Синоќа се извлечени броевите 13, 19, 20, 32, 33 и специјалниот број 14, објави веб-страницата „Мега милиони“, пренесе Ројтерс.
Победникот може да избере помеѓу наплата на 1,58 милијарди долари преку ануитет, со исплати во текот на 30 години или да се одлучи за паушална исплата во готовина од 783,3 милиони долари.
Последниот џекпот „Мега милиони“ го доби играч од Њујорк во април кога освои 20 милиони долари.