Игор Пачемски советува: Ако можете да протнете прст, градникот ви е голем


Игор Пачемски, без сомнение најзначајниот македонски дизајнер на долна облека во светски рамки, дава совети како да изберете градник, една од најтешките работи за една девојка или дама.

Неодамна, дизајнерот стана дел од тимот на „Ралф Лорен“ и по 20 години живеење и работа во Лондон, функционира измеѓу Бугарија и САД.

Петнаесет години е препознатливо име во светот на долната облека со  својот бренд “Да, господару (Ѕес, Мастер). Неговата долна облека од свила, свилен сатен и жерсе, се продава во луксузните стоковни куќи “Њуман Маркус” и “Харви Николс”, во ексклузивните бутици и во 25 најдобри бутици на Викторијас сикрет каде се продаваат и други брендови.

“Во сите продавници на Запад каде прслукот е над 15 евра не ви продаваат долна облека додека не ве измерат. Проблемот е големи корпи нема, а мали грбчиња. Што се прави: компензација. Ако на некој им треба голема корпа, се дава мала корпа со страшно голем број. ќе и дадат Б корпа ама 110 број. Или на пр. таа треба да носи 75 број. Жицата и е точна но грбот  и е 10 броја поголем. И тоа ништо нема да држи. Ќе и свиснат градите, градникот позади ќе се качи  и не само што естетски не е убаво, туку не е ни здраво, вели Пачемски.

 

Совети

 

Срединката на градникот треба да лежи рамно на градната коска. Ако можете да протнете прст, градникот ви е голем.

Копчата на градникот мора да стои хоризонтално и рамно на вашиот грб (не смее да ви се крева).

Потпората од градникот доаѓа од обимот а не од бретелите. Точниот градник може да се носи без бретели.

Секоја жена мора да има црн, бел месо боја градник. Купувајте 2-3 пара гаќи и по еден градник поради намалено траење поради често и агресивно перење на високи температури.

Машински, градник не се пере. Се пере рачно во шампон бидејќи детергентите се многу штетни и агресивни.

 

Главен совет

 

ВПЛ (visible pants line) или познавање на гаќи преку панталони е најголем моден криминал на Западот. Носете seamless (без шев)  гаќи со низок струк за да се избегне овој хорор.

 

Потешко е да се дизајнира долна облека од облека

 

Повеќе луѓе се запознаени со процесот на правење облека отколку процесот на правење долна облека. За градник ви се потребни 35 кројни парчиња. Ако имате 7 видови корпи а,б,ц,д.. и обем 70, 75, 80… тоа се 35 броеви по прслук за кои мора да се сече шаблон со градуација на секое парче. Мора да постои баланс, на ластик, жица,. Изгледа како едноставен производ ама во суштина е комплектен инжинеринг, базиран на резолуција на сили зашто имате гравитација, телесна тежина, флуктуација на гради… вели Пачемски. (Л.С.)