Игор Џамбазов наполни 56 години: Први му честитаа внуците


Маестралниот актер, шоумен, писател и музичар Игор Џамбазов наполни 56 години.

Честитките на негова адреса се многубројни, а тој со една се пофали и на својот профил на Инстаграм. Имено неговата внука, Марија Прличкова му додели доживотна награда за „Најдобар чичко на светот“.

– Ми недостасуваат многу работи. Луѓето кои ми значеа повеќе од се, а веќе ги нема, ми недостасуваат летувањата во „Градиште“, зимувањата во Маврово, ми недостасува бифето на Драмскиот театар од неговите најсјајни денови, ми недостасуваат сите жени заради кои не сум можел со години да ги тргнам пепрутките во стомакот кои се разлетуваа секогаш кога ќе ги видев. Ми недостасува мојот град кој за жал повеќе го нема- изјави Игор во претходно интервју за Женски Магазин.

Сите најдраги стихови од неговите блуз приказни, стиховите од поп-хитовите кои ги напишал за пријателите и некои сосема непознати на јавноста, лани ги собра во книгата „Улица диши длабоко“, негова седма по ред.

– Кога ги собрав сите на едно купче сфатив дека имам напишано премногу. Селекцијата траеше подолг период. На крајот одлучив да ги ставам сите стихови за моите песни, песните со Гуру Харе и бендот, текстовите што сум ги напишал за нашите најголеми музички ѕвезди како “Нокаут“, Тамара, Тијана, Ребека, Елена, Калиопи, но и текстови кои многумина прв пат ќе ги прочитаат, а мене ми се особено драги. Тука се и неколку мои поетски обиди кои беа издадени во мојата прва книга “Тоа сум јас“ која за жал одамна не е во продажба, изјави Џамбазов.