Нема мерки, нема дистанца: Игор Дурловски го отвори штабот во Битола опкружен со стотици лица


Изборен собир без минимална социјална дистанца

Носителот на изборната листа на ВМРО-ДПМНЕ во петтата изборна единица, Игор Дурловски, синоќа го отвори изборниот штаб на Широк сокак во Битола опружен со стотици луѓе без почитување на физичка дистанца. Дел од поддржувачите на Дурловски и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ беа со маски, а значаен дел без маски. Со големината на собирот и толку многу луѓе без да ја почитуваат социјалната дистанца беше очигледно дека не се почитуваат препораките на Комисијата за заразни болести.

Во своето обраќање Дурловски рече дека „Битола секогаш била предвесник на промените. Многу позитивна енергија и решеност да направиме заеднички повеќе. Обновата доаѓа, исправи се Македонијо“.

Еден до друг на прославата на отворањето на штабот во Битола
Се палеа и факели