Ига Швjонтек ја демолираше Софија Кенин и го освои Ролан Гарос


Ига Швјонтек стана првата полска играчка што освоила грен слем титула во сингл откако ја победи Софија Кенин, четвртата носителка со 6:4, 6:1 во финалето на Отвореното првенство на Франција. Швјонтек (19), која не изгуби ни сет на турнирот на земјени терени, е најмладиот победник откако Моника Селеш го крена Купот на Сузана Ленглен во 1992 година.

„Јас сум многу среќна. Јас сум многу среќна што моето семејство беше тука конечно“, рече светскиот рекет број 54, најслабо рангиран играч кој ја освои титулата за жени на Ролан Гарос од ВТА рангирањето воведено во 1975 година. „Пред две години освоив јуниорски грен слем и сега сум тука. Јас сум преплавена од емоции“, додаде таа, додека Кенин со солзи гледаше од нејзиниот стол.

Кенин, која целеше на втора голема титула по победата на Отвореното првенство на Австралија годинава, доби масажа надвор од теренот на левиот бут по третиот гем од вториот сет.

Но тоа беше недоволно откако се врати на теренот и Швјонтек ја освои титулата. Таа е првата играчка што не изгуби сет на патот до титулата во женска конкуренција од  Жастин Енин од Белгија во 2007 година. (Ројтерс)