Иднината е одржлива- завршна ревија на студентите на моден дизајн од ТМФ (видео + фото)


Иднината е одржлива- е темата на 21. традиционална завршна модна ревија на студентите на студиската програма Дизајн и инженеринг на облека од ТМФ во Скопје, под раководство на професорката и модна дизајнерка Лидија Георгиева.

Во услови на пандемија ревијата е достапна до публиката со видео презентација на каналот Јутјуб.

Студентите од II, III и IV година на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје ја интерпретираа оваа тема, со нивните креации изработени од материјали кои можеа да ги најдат во архивата на ТМФ, во плакарите на нивните мајки, со редизајн на плетенините на нивните баби, со рачно фарбање со природни бои, со реупотреба на винтиџ облека и со разни други идеи кои значат нов и одговорен однос кон облеката и дизајнот во иднината.