Идентификуван бомбашот од Нешвил, неговите останки најдени во урнатините


Безбедносните служби на САД го идентификуваа бомбашот кој ја активира експлозивната направа поставена во кампинг возило во центарот на Нешвил, Тенеси – се работи за Ентони Варнер (67) кој загинал во инцидентот. 

Експлозијата одекна во раните утрински часови на праазникот Божиќ, при што беа уништени повеќе објекти, тројца случајни минувачи беа повредени. 

Истражителите ги споредија човечките останки најдени на местото на настанот со ДНК-то од Вернер, потврдувајќи ја верзијата дека тој се кренал во воздух со бомба поставена во своето кампинг комбе. 

Безбедносните органи сега го утврдуваат мотивот.  

Истражители од Федералното биро за истраги (ФБИ) работеа на случајот и ги собираа  расфрланите парчиња и останки на местото на настанот. ДНК-то од Вернер тие го добија од домот на осомничениот околу 16 километри југоисточно од местото на експлозијата, што бил лоциран после „стотици дојави“. Соседите потврдиле дека пред неколку месеци виделе слично кампинг возило паркирано пред неговата куќа.  

Возилото што експлодира во петокот било поставено покрај базна станица на мобилниот оператор „Еј-ти енд ти“, со што интернет и мобилните врски во центар на Нешвил сеуште се прекинати или ослабени. Градот е потресен од овој терористички чин.  

Американските весници пренесуваат изјави од соседи и роднини кои го опишуваат Вернер како повлечен и осамен човек кој претходно работел како компјутерски специјалист. 

Полицијата во петокот рано изутрина одговори на дојави за пукотници во близина на паркирано кампинг комбе на Втора авенија-север, од возилото ечел глас преку разглас со порака за поставена бомба и дека може да детонира. Експлозијата одекна во неколку блока, кршејќи прозори и уништивајќи фасади, неколку автомобили се запалија, делумно се урна и една зграда.  

Според службите, ако комбето експлодирало во текот на денот, а не во раните утрински часови, и без предупредување, со што полицијата имаше време да го расчисти теренот, тогаш последиците би биле трагични, со многу жртви. Вака, покрај разнесениот бомбаш, беа повредени тројца случајни минувачи, а полесно беа повредени и тројца полицајци.