Ибрахимовиќ позитивен на корона вирус

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, се зарази со корона вирус, се наведува во официјалната веб-страница на клубот.

Поради тоа триесет и осумгодишниот Швеѓанец е принуден да го пропушти вечерашниот натпревар од 3. квалификациско коло во Лигата на Европа против норвешкиот клуб Бодо-Глимт (почеток 20.30 часот).

Прес-службата на клубот известува дека Ибрахимовиќ нема симптоми на болеста.