Ибрахимовиќ го избра својот проштален натпревар, ќе игра против Србија


Шведскиот фудбалски сојуз соопшти дека натпреварот на кој нивната репрезентација ќе ја пречека Србија ќе биде и официјално збогување со фудбалот на најпознатиот шведски фудбалер во историјата, Златан Ибрахимовиќ.

Станува збор за меч кој ќе се одигра на 8 јуни на „Френдс арената“ во Солна, а кој воедно ќе биде и „генерачка“  на српската репрезентација за Европското првенство.

42-годишниот Ибрахимовиќ последниот клупски натпревар во кариерата го одигра во март минатата година, кога како капитен на Милан погоди во победата против Удинезе.

За репрезентацијата одигра 122 натпревари, последен пат во март минатата година, кога против Белгија одигра 17 минути. Тоа беше и последен натпревар во неговата кариера. Во жолтиот дрес постигна рекордни 62 гола.

Во текот на кариерата освои многу трофеи, но и покрај големиот број на клубови кои беа меѓу главните кандидати за освојување на Лигата на шампионите, тој никогаш не го освои тој најпосакуван трофеј.