ИБеј ги надмина проценките за кварталниот приход


САД– ИБеј денеска ги надмина проценките на Вол Стрит за квартални деловни резултати, бидејќи онлајн трговската компанија имаше корист од скокот на купувањето преку Интернет.

Овој вид на бизнис доживеа пораст поради луѓето кои се во карантин, откако државите се затворија поради коронавирусот.

Приходот се зголеми на 2,87 милијарди долари, од 2,42 милијарди американски долари во вториот квартал и ги надминаа проценките на аналитичарите од околу 2,8 милијарди американски долари, покажуваат податоците на ИБЕС од Рефинитив.