И Заев ја смени профилната на Фејсбук – сега е со маска


Носењето заштитна маска засега е наједноставниот и најсигурен начин да ѝ се спротивставиме на пандемијата, порачува премиерот Зоран Заев на својот фесбук-профил.

-Јас #НосамМаска затоа што се грижам за моите блиски, затоа што ги почитувам здравствените работници и бидејќи јавното здравје зависи и од однесувањето на поединецот. Секој од нас треба да биде одговорен, напиша премиерот.

Порача сите редовно да носиме маска и на тој начин заедно да ја добиеме борбата со КОВИД-19.