И во Србија расте бројот новозаразени – денеска 173

Во последните 24 часа во соседна Србија регистрирани се нови 173 случаи со корона вирус, а почина еден пациент.
Тестирани биле 6.933 примероци. На респиратори во болниците ширум земјата се 21 пациент.
Досега од последиците на Ковид-19 во Србија починаа 761 лице.
Вчера во Србија беа регистриани 121 новозаболен.