И во Македонија синоќа се гледаше поларната светлина
Видливоста на поларната светлина во земјите од регионот синоќа, беше интересна вест. Секогаш се восхитуваме на фотографиите кои редовно доаѓаат од северот на Европа, поретко и од Австралија, но ноќното небо над Балканот ретко е обоено во зелено, црвено или виолетово како резултат на аурора бореалис.
Но, синоќа, фотографии од целиот регион ги исполнија социјалните мрежи, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, па дури и до Грција, Турција и Крим… Насекаде беше забележан танцот на боите на поларната светлина. Македонија не е исклучок, па таа бепе забележлива во делови од земјата.
Фотографијата која пристигнува од Велешко, е малку несмасна, снимена од автомобил со слаба резолуција, а авторката веројатно била изненадена од оваа појава, исто како и нас.
На Фејсбук страницата tirekovmirece, споделена е фотографијата на Билјана Ефремова, снимена во 18.15 часот, на враќање од кај Војница вечерва.
Македонските астрономи, велат дека во Македонија немаат официјална потврда дека во кај нас била видлива поларната светлина, но има фотографија од Светиниколско, за која не знаат дали е автентична. Велат дека, според податоците кои ги имале, поларната светлина вчера требало да биде видлива до Војводина, но не е исклучено да се гледа и појужно. Велат дека низ годините поларната светлина била забележана и во Атина, што е прилично јужно.
Аурорите, познати и како поларни светлини, се забележани на различни височини во атмосферата на Земјата поради интеракцијата на наелектризираните честички од Сонцето со гасовите во нашата атмосфера. Двата главни типа се аурора бореалис (северна) и аурора аустралис (јужната светлина).

1. Аурори на голема височина: Тие обично се наоѓаат на надморска височина помеѓу 80 и 300 километри над површината на Земјата. Главно се составени од атоми на кислород и се одговорни за зелените и црвените бои кои се гледаат во поларната светлина. Сончевите честички со висока енергија се судираат со атоми на кислород на овие височини, предизвикувајќи да испуштаат светлина во различни бои.
2. Аурори на мала надморска височина: Понекогаш поларните зраци може да се видат на пониски височини, поблиску до површината на Земјата, обично до 100 километри над земјата. Тие често се црвени или розови и се должат на молекулите на азот. Тие се поретки и се појавуваат кога соларните честички ќе навлезат подлабоко во атмосферата.
Висината на поларните светлина може да варира во зависност од неколку фактори, вклучувајќи го видот и енергијата на влезните соларни честички, јачината на магнетното поле на Земјата и географската локација. Во регионите блиску до половите, најверојатно ќе видите аурори на пониски височини бидејќи магнетните полови на Земјата се спојуваат во близина на половите, дозволувајќи им на наелектризираните честички да влезат во атмосферата на пониски височини.
На ниски географски широчини (на пр. Македонија, Бугарија, Србија, Хрватска), поларните зраци обично се забележуваат на повисоки надморски височини.
Оваа појава колку и да е ретка во овие краишта, сепак, не е невозможна. Последната која можела да се забележи над Балканот датира од 2003 година, а претходно и во 2000, 1991 и 1958 година.








