И во Црна Гора почна учебната година со месец задоцнување

 

Во Црна Гора денеска почна учебната година, еден месец по редовниот рок, поради пандемијата со корона вирус.

Директорите на гимназијта во Подгрица и електро-техничкото училиште велт дека во нивните училишта сѐ е подготвено за почетокот на учебната година и дека учениците и родителите немаат причина за загриженост.

Сметаат дека постои свест за големата одговорност која ја носи овој момент.

„Мора да се грижиме, пред сѐ, за здравјето на нашите ученици, професорите, техничкиот персонал, а потоа и за семејствата на нашите уечници и вработените. Голе а е одговорноста, но и радоста, истовремено“, вели директорката на гиманзијата.

Веруваат дека со добра прганизација ќе ја пребродат предизвикувачката ситуација, која е пред сите.

При влегувањето во училиштето на врата учениците ги дочекуваат професорите кои не дозволуваат групирања, затоа што мора да се почитуваат дистанцата и носењето маска.