И во Бугарија рекорден број случаи на ковид – 12.399


 

Рекорден број на заразени со корона вирус од почетокот на пандемијата – 12.399 случаи, се регистрирани во Бугарија. Повеќе од 76 отсто од нив не се вакцинирани. Новите случаи се идентификувани од 43.981 тестови. Така, над 28 отсто од сите примероци биле позитивни, што е исто така рекорд од почетокот на пандемијата. За прв пат во еден ден во Софија се регистрирани 3.199 случаи на корона вирус.

Во изминатите 24 часа починале 73 пациенти, од кои 83 отсто не биле вакцинирани. Вкупниот број на починати од почетокот на пандемијата достигнува 32.869 лица.

Хоспитализирани се 5.347 пациенти со корона вирус, од кои 523 се на одделенија за интензивна нега.

Нови 10.667 дози вакцина се дадени во последните 24 часа.