И во Босна и Херцеговина рекорден број мртви од Ковид-19 во еден ден

 

Во Босна и Херцеговина денеска се регистрирани 1.495 новозаразени, а тестирани се 3.859. Тоа е пад од вчера кога имаше 4.367 тестирања и 1.903 заразени. Оздравеле 283 лица.

Во Федерацијата тестирани се 2.540 примероци, а 801 биле позитивни на корона вирус. Вкупно досега се тестирани 204.019, а корона вирусот е потврден кај 30.601 лица.

До денеска во Федерацијата оздравени се 19.282 пациенти, а активни се 10.524.

Пријавени се 21 смртен случај од Ковид-19, а вкупно 777.

Во Република Српска тестирани се 1.227 примероци, а вирусот е потврден кај 648 лица, починале девет лица.

Досега се потврдени 17.004 случаи, а починаа 409 лица. Оздравеа 8.278, а тестирани се вкупно 101.784.

Во Брко регистрирани се 46 новозаразени, а нема смртни случаи.