И во Белгија бројот на заразени од Ковид-19 надмина 10.000


Бројот на потврдени случаи на корона вирусот во Белгија надмина 10 илјади овој викенд и сега изнесува 10.836.

Во саботата се пријавени околу 1.700 случаи, соопшти денеска Министерството за здравство. Починаа вкупно 431 лица, што претставува зголемување од 78 во последните 24 часа.

Во болница има 4.138 пациенти, од кои 629 се донесени во изминатите 24 часа. Вкупно 867 пациенти се примени во одделите за интензивна нега.

Од 15 март, 1.360 луѓе се опоравиле и се пуштени од болниците, соопшти Министерството.