И тоа се случува во Словенија: Сите пратеници од една партија бараат смена на својата претседателка


Александар Пивец летувала со своите синови, а сметките ги плаќале општините

Сите пратеници од Демократската партија на пензионери (Десус), една од четирите партии во Владата на словенечкиот премиер Јанез Јанша, денеска ја повикаа претседателката на својата партија, Александра Пивец, веднаш да поднесе оставка бидејќи го нарушува имиџот на партијата.

„Предлагаме веднаш да поднесе неотовиклива оставка, а доколку тоа не го стори, Советот на партијата да ѝ изрече недоверба и да ја смени“, изјави шефот на пратеничката група на Десус, Франц Јурша.

Петмината пратеници оценуваат дека поради Пивец партијата е обележана со афери, што, според нив, е неприфатливо.

Словенечките медиуми објавија дека Пивец, заедно со своите двајца синови, во текот на летото, за време на продолжените викенди, посетувала туристички региони, пред се Изола, при што наводно, некои од сметките ги плаќале општините и некои бизнисмени, иако патувањата биле заведени како службени, а трошоците надоместени од државниот буџет.

На барањето на пратеничката група да одржат состанок и да даде појаснување, таа замина на годишен одмор. Претходно Пивец негираше дека е во „судир на интереси“ и дека нејзините афери се „надуени“. (МИА)