И типот со рогови се сврте против Трамп: Ме предаде


 

Пред да го напушти својот претседателски кабинет неделава, Доналд Трамп се тешеше дека и понатаму неговите приврзаници го сакаат. Но, изгледа дека, откако ја изгуби претседателската власт, го напушти и еден од неговите најпознати приврзаници.

Адвокатот на Џејкоб Шансли, кој е познат како Канонов шаман, односно ликот што упадна во Капитол со крзно и рогови, изјави дека неговиот клиент се чувствува измамено.

„Шансли силно жали не само затоа што претседателот го предаде туку и затоа што воопшто се доведе во позиција во која донесе одлуки кои не требаше“, рече адвокатот Ал Воткинс, пишува Дејли бист.

Шансли е уапсен по нередите, а минатата недела го молеше Трамп да го помилува. Тоа не беше направено.