И тие некогаш беа деца: Америка избира помеѓу овие две момчиња


Америка избира помеѓу Џо Бајден и Доналд Трамп. Видете ја галеријата како изгледале како помлади

Американците вчера гласаа за идниот претседател кој ќе ја води најмоќната држава во светот во наредните четири години. Уште од раните уутринсскии часови во вторникот тие чекаа во ред да го дадат својот глас на претседателските избори на кои се борат актуелниот претседател Доналд Трамп и демократскиот противник Џо Бајден.

Трамп, кандидат на Републиканците, се бори за втор мандат во Белата куќа. Неговиот деловен и приватен живот беше обележан со бројни скандали, а многумина сметаат дека неговото однесување за време на корона кризата ќе биде клучно за многу гласачи.

Роден е на 14 јуни 1946 година во Њујорк.

Џо Бајден е роден на 20 ноември 1942 година во Пенсилванија. Ако победи, на 78-годишна возраст ќе стане најстариот претседател во историјата на САД.

Доналд Трамп објави слика на своето семејство на својата официјална страница на Фејсбук. (Дневник.хр)