И сопствениците на фирми ќе земаат помош од Владата


Министерката за финансии Нина Ангеловска објаснуваше како компаниите можат да ги искористат мерките за поддршка од Владата за намалување на последиците предизвикани од состојбата со коронавирусот.

Мерката за финансиска поддршка од 14.500 денари за вработените за месеците април и мај, вели може да ја искористат сите компании кои имаат намалување на приходите од најмалку 30 отсто во месеците април и мај.Промена е и што мерката ќе важи и за управители и сопствениците на компаниите, што вели беше изменето поради критиките во јавноста.

„Рабодовачите добиваат финансиска поддршка која не значи нето плата, туку се работи за парични средства кои им се даваат на рабодовачите да покријат дел од плата или придонесите. На пример, компаниите кои имаат пад на приходите од 30, 40, 50 проценти, целта е да можат да ги задржат работниците и да ги задржат платите на пристојно ниво со оваа поддршка“,изјави Ангеловска.

За да ја искористат оваа мерка фирмите не смеат да исплаќаат девидени и бонуси, а нема да важи ни за оние фирми во кои повеќе од 10 отсто од вработени земаат плата над 120 000 денари.Начинот на аплицирање е преку системот на е-даноци на УЈП, а услов за работодавачите е да го задржат истиот број на вработени до месец јули. Компаниите може да ја користат оваа мерка заедно со мерката за субвенции на придонесите од Владата за покачени плати.

„Во врска со искористените средства, ако работодавачот кој ја користи мерката ако не остварил добивка за 2020 не ги враќа средствата, за останатите враќањето е лимитирано до 50 отсто од добивката пред оданочување“,

Ангеловска посочи дека државата е во преговори со Светска Банка за финансирање на половина од предвидениот износ за реализација на оваа мерката.

Потенцираше и дека се прават анализи со стопанските комори за отворање на дејностите кои се „парализирани“ поради состојбата со коронавирусот. Сепак, вели промени на начинот на работа ќе има и не може да се очекува брзо враќање во нормала.