И авион го гаснe пожарот кај Љубин

Локализирани се 70  проценти од пожарот кај скопското село Љубин, што избувна на потегот кон село Рашче во Општина Сарај, а во неговото гаснење е вклучен и авион на Дирекцијата за заштита и спасување.

Со пожарот е зафатена голема површина со сува трева и борова шума.

– Кај што можеа да  влезат противпожарните екипи, на некои места тоа изгледаше и невозмошно, се интервенираше и тој е локализиран. Останува уште еден дел непристапен за нас, а за кој се вклучи и авион од ДЗС којшто веќе интервенира, изјави за МИА Владимир Симоновски, командир на Противпожарната единица на град Скопје.

По избувнувањето на пожарот на терен интервенираат пет возила и 25 пожарникари од Противпожарната единица на град Скопје.

Оттаму апелират до граѓаните да бидат внимателни кога се на отворен простор.

Во Скопско и вчера имаше пожар, во шумскиот реон над населбата Пинтија со него беше зафатена поголема површина мешана шума