И Словенија пријави над 700 новозаразени


 

И СЛовенија, по Хрватска, денеска објави неофицијални податоци за бројот на новозаразени со корона вируст, кои покажаа рекордно високо ниво.

Како што пренесоа тамошните медиуми, денеска се очекуваше во Словенија за последните 24 часа, според неофицијалните информации да се пријави бројка од повеќе од 600 новозаразени. Кусо потоа, стигнаа и официјални бројки, кои покажаа дека Словеинја има 707 новозаразени, од 4.902 тестирани.

Ова е незабележана цифра во Словенија од почетокот на епидемијата, а слична ситуација имаше утрово и во Хрватска, кога медиумите неофицијално излегоа со бројка преку 700, а официјално се изброаја 748 случаи со корона вирус.

Портпаролот на владата Јелко Кацин, синоќа потврди дека во текот на денот регистриран е нов рекорд во бројот дневни зарази, преку 500. Според неговите зборови, со денешната бројка, исполнети се сите услови за воведување најстроги мерки од претпоследната ткн. портокалова фаза, кои треба да го ограничат ширењето на вирусот и неговиот експоненцијален раст.

Во споротивно, владата повторно би прогласила епидемија и би вовела рестриктивни мерки слични на оние во пролетниот бран.