И Шпанците како нас – се забавуваат и се заразуваат

Поголемите собирања и забави се причина за ширење на коронавирусот во Шпанија, која се обидува да се врати во нормала после неколкумесечниот карантин поради епидемијата, пишува весникот „Ел Паис“.

Како што се наведува, на една роденденска забава се заразиле 18 лица и сега мора да бидат во самоизолација, а во помалку случаи имало и ширење на заразата и на семејни собири.

– Една невина забава може да заврши со епидемија, изјави Фернандо Симон, директор на Центарот за координација на Министерството за здравство.

Сепак, како што додаде, некои случаи не се толку „невини и се случиле по јасно кршење на правилата“.

– Затоа шпанските власти постојано ги повикуваат граѓаните да не престануваат да се штитат и строго да се придржуваат кон мерките во секоја фаза. Тоа е причината зошто сите не сме веќе во новата нормалност, рече Симон.