И Сашо Мијалков вели дека бил ставен на црната листа врз база на дезинформации


Фото: Б. Грданоски

 

Слично како и поранешниот премиер Никола Груевски и неговиот братучед, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, вели дека американскиот Стејт департмент го ставил на црната листа врз база на дезинформации. Неговата објава на Фејсбук е куса:

„Жалам за денешната одлука на Стејт департментот и сметам дека таа не е исправна. Одлуката е базирана на конструкции и дезинформации за кои со време ќе се докаже дека се неиздржани.

Секогаш сум ги бранел и ќе ги бранам интересите на Македонија. Верувам дека правдата ќе победи и дека одлуката на американската администрација ќе биде коригирана“, вели Мијалков.