И руската вакцина „Спутник“ ќе дојде во Македонија


Фото: Б. Грданоски

Министерот за здравство Венко Филипче одговарајќи на пратеничко прашање на Димитар Апасиев од Левица дали сме толку ЕУ фундаменталисти што ја одбиваме руската вакцина а немаме други, рече дека попладнево, по интензивни преговори со компанијата Фајзер е постигнат договор од фебруари да дојдат вакцините со одредена динамика.Според него, тоа е единствената вакцина која има одобрение од двете регулаторни комисии во Европа.

-Точнно е дека рускиот амбасадор ја понуди вакцината „Спутник“, но во тој момент таа беше во третата фаза на клиничките испитувања, односно не беше во фаза со која се гарантира безбедноста, рече Филипче додавајќи дека преку КОВАКС системот  сепак во Македонија ќе стигне и руската вакцина „Спутник“, што значи дека ќе ја добиеме и неа, најави Филипче.