И птиците треба да се ладат
Екстремно високите температури не се непогода само за граѓаните туку и за животинскиот свет. Откако општинските власти решија дека треба да штедат вода и поставија непроточни чешми, тие, а пред се птиците, бараат други начини како да се разладат. Нашата камера вчера сними јато птици како „пливаат“ и се разладуваат во вир со вода создаден од црево за полевање на тревникот кај поранешната зграда на НИП „Нова Македонија“.
Во еколошки посовесните држави при вакви температури се ставаат садови со вода по улиците и парковите, бидејќи и птиците имаат право на живот во за нив уништените животни средини.