И пратеникот од СДСМ, Лазе Таневски, позитивен на корона вирус


„Почитувани пријатели, сакам да ве информирам дека поради приватно неодложно патување, самоицијативно направив тестирање на Ковид-19. За жал, и покрај почитувањето на сите мерки и протоколи од моја страна, тој е позитивен.

Воедно сакам да ве известам дека членовите од моето семејство се тестираа и сите се негативни.

Јас се чувствувам добро и немам никакви симптоми. Мерката за изолација ќе ја испочитувам како и сите други граѓани на нашата земја.

Со сето ова кажано чувствувам голема одговорност уште еднаш да упатам апел до сите и да ја нагласам сериозноста на вирусот и можноста за зараза со молба да бидете максимално внимателни.

Со желба за побрзо оздравување и позитивни мисли ве поздравувам.

Се гледаме наскоро“, напиша Таневски на неговиот Фејсбук профил.

Претходно беше соопштено дека пратеникот Исмаил Јахоски, од пратеничката група на ДУИ има Ковид-19 и е хоспитализиран на Инфективната клиника.

Последен пат, како што јавија повеќе портали, тој бил на работа во Собранието во средата, на седница на Комисијата за финансирање и буџет.

Ваквиот развој на настаните го наметна и прашањето како ќе функционира Собранието. Од владејачката СДСМ изјавија дека ситуацијата со Јахоски е аргумент повеќе за можноста Собранието да работи онлајн, но од опозициската ВМРО-ДПМНЕ велат дека парламентот мора да заседава со физичко присуство.