И портпаролката на Белата куќа заболена од корона вирус


Секретарот за печат на Белата куќа, Кејли Мекенани, во понеделникот изјави дека има позитивен тест за Ковид-19, додавајќи дека ќе започне со карантин и дека медицинската единица на Белата куќа не наведува ниту еден член на одделениото за печат како блиски контакти.

„Покрај тоа, јас дефинитивно не знаев за дијагнозата на Хоуп Хикс пред да одржам брифинг со новинарите во Белата куќа во четвртокот“, рече Мекенани во изјавата, повикувајќи се на советничката на претседателот Доналд Трамп, чии позитивни резултати од тестот беа откриени минатиот четврток, неколку часа пред Трамп да објави дека тој и неговата сопруга исто така се разболеле од смртоносниот корона вирус.