И понатаму голем број новозаразени во Германија


 

Во Германија потврдени се нови 2.153 случаи со корона вирус, соопшти денеска Институтот за инфектвини болести „Роберт Кох“.

Во последните 24 часа регистрирани се 15 смртни случаи поврзани со вирусот, пренесе Ројтерс.

Како што се наведува, од почетокот на пандемијата во Германија заболеа вкупно 280.223, а починаа 9.443 лица од вирусот Ковид-19.