И помалиот брат на Елмас во Наполи


Елиф Елмас успешно чекори во италијанскиот фудбал во дресот на Наполи. Македонскиот „дијамант“ ја освои титулата во Серија А, а од сезона во сезона продолжува да ги воодушевува навивачите на Наполи и фудбалските љубители на италијанскиот фудбал.

Фото: Б. Грданоски

И помалиот негов брат Билал Елмас ќе се обиде да ги достигне височините на Елиф. Тој стана член на тимот на Наполи до 16 години, а тоа го потврди и тимската фотографија на клубот од Неапол.
Од наредната сезона ќе настапува во младинските лиги на Италија.