И покрај тешката болест, Селма Блер гламурозно го славеше 47. роденден


 

Холивудската актерка Селма Блер го прослави својот 47. роденден. Таа неодамна ѝ соопшти на јавноста дека боледува од мултиплекс склроза, но сепак тоа не ја спречува таа со полни гради да го живее животот.

По тешката дијагноза, таа ги промени начинот на живот и имиџот, за што најмногу ѝ помогна нејзиниот син.

Откако минатата година отворено проговори за дијагнозата мултиплекс склероза, поради која ги паузираше кариерата и снимањата, Селма редовно ги известува следбениците на Инстаграм за својата здравствена состојба.

Меѓу последните објави е фотографијата на која синот Артур Сент (7), кој ѝ помага да се потстрижи кратко.

„Изгледаш прекрасно. Колку за него е важно што ти ја средува фризурата. Дефинитивно ова е спомен за него“, гласи еден од мноштвото коментари.

Инаку, актерката не ни помислила дека е болна туку дека е исцрпена и уморна. Сепак, била на многубројни прегледи и ја дознала вистинската состојба. Зад неа се многубројни терапии, а првпат во јавноста се појави на доделувањето на „Оскарите“. На црвениот тепих прошета со бастун.