И пи-арот има граници: Мицкоски си присвои три клучки, три моста, 13 вијадукти и 25 километри

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека сето тоа го изградила сама за шест месеци бидејќи кога биле на власт - СДСМ не направиле ниту еден метар асфалт


Вкупно 25 километри пат, три клучки, три моста, 13 вијадукти и 44 косини се дел од експресниот пат од Страцин до Крива Паланка – и за сето тоа ВМРО-ДПМНЕ тврди дека го изградила сама бидејќи кога биле на власт СДСМ не направиле ниту еден метар асфалт. 

Од Владата посочија дека сега патувањето на релација Страцин-Крива Паланка од 30 минути се крати на 10 минути, а од Крива Паланка до Куманово наместо еден час ќе се патува за 40 минути. Потенцираат дека овој патен правец е витална артерија за поврзување со Бу

-На 1 јули не беше ставен ниту еден метар асфалт на патот Крива Паланка – Страцин, СДС со години тапкаа во место, владата на ВМРО-ДПМНЕ го направи за 6 месеци.Фактите се тврдоглава работа, и колку и СДС да сака да ги искриви, не може. Видеоматеријалот кој го праќаме во прилог на ова соопштение јасно докажува дека на 1 јули 2024 година експресниот пат Крива Паланка – Страцин е се само не финализиран.Со години СДС неможеше да го направи патот, исто како што не го направи ниту Градско – Фариш, ниту пак автопатот Кичево – Охрид. За 6 месеци владата на ВМРО-ДПМНЕ со напорна работа на терен ги заврши работите на патот Крива Паланка – Страцин и го пушти во употреба, се пофалија денес од ВМРО-ДПМНЕ. 

Ваквиот политички пи-ар е не само смешен туку и примитивен, особено од влада што не успева ни да ги подели парите од кредитот што го зеде од Унгарија. 

Од СДСМ вчера тврдеа дека да не беа блокадите на пратениците на ВМРО ДПМНЕ овој експресен пат можеше и многу порано да се заврши, во текот на 2024 година.

„За жал и само за политички цели пратениците на тогаш опозициската ДПМНЕ го кочеа овој проект. Тогаш во комисијата за финансирање и буџет ВМРО-ДПМНЕ со месеци го кочеше предлогот за закон за грант вреден 14 милиони евра, кој беше потребен за дофинансирање и зафршување на овој експресен пат“ – порача  Благој Бочварски, тогашен министер.

Денес пак СДСМ објави фотографии од кои се гледа асфалтиран дел од патот, наспроти тврдењата на Мицкоски дека немало такво нешто. 

 

„ВМРО-ДПМНЕ лаже за експресниот пат Страцин – Крива Паланка затоа што СДСМ го заврши над 90% а тие го блокираа како опозиција.Првиот асфалт на експресниот пат Страцин – Крива Паланка е поставен уште во 2023 година. Од увид во веќе започнатиот процес за асфалтирање има слики и објава на официјалната Фејсбук страница на Јавното претпријатие за државни патишта на 23 ноември 2023 година“, порачаа од СДСМ. Еве ја фотографијата подолу:

А, фактите се вакви: Изградбата на патниот правец започна во мај 2018 година и тој е  граден во две фази – Длабочица – Страцин (Чатал) во должина од 15 километри, со инвестирани околу 43 милиони евра средства од Светска Банка и грант средства и Крива Паланка – Длабочица во должина од 10 километри, со инвестирани околу 50 милиони евра од Светска Банка и грант средства. Изведувач на Длабочица-Чатал првично беше италијанска фирма, но подоцна договорот беше раскинат и работите ги продолжи Страбаг, додека пака втората делница е градена од страна на  „Гранит“. Надзорот над делници е извршен од страна на  ДИВИ Македонија.