И Пауло Дибала од Јувентус позитивен на корона


Трет играч од фудбалскиот тим на Јуванетус е позитивен на корона вирусот –Пауло Дибала. Преходно позитивни тестови на Ковид-19 беа Даниеле Ругани и Блез Матуиди.

Аргентинскиот напаѓач „помина медицински тестови, кои ја открија неговата позитивност кон корона вирус Ковид-19“, се вели во белешката од клубот Јувентус. „Фудбалерот од средата на 11 март е во доброволно домашна изолација и ќе продолжи да го следи истиот режим. Тој е во ред и асимптоматски“.

Самиот Дибала сакаше да ги увери сите во врска со неговата состојба преку социјалните медиуми: „Сакам да ве известам дека штотуку ги добивме резултатите од тестот за Ковид-19 и јас и Ориана (Сабатини, неговата свршеница) имавме позитивни тестови. За среќа, ние сме во совршена состојба. Ви благодариме за вашите пораки“.