И оваа бугарска влада се подготвува да падне заради Македонија


 Откако односите меѓу Софија и Скопје во последните месеци бележеа извесна
нормализација, во последните денови тие повторно се движат на ниски нивоа, оценува денес бугарскиот медиум „Медиапул“. Според оценката, амбициите на ЕУ, САД и некои големи европски земји  Македонија да ги започне преговорите за членство во ЕУ во првата половина од годинава стануваат сè понеостварливи и се  залог за иднината на владејачката коалиција во Бугарија.

„Владејачките власти во Северна Македонија, кои се под силен притисок, покажаа дека не
се подготвени да ги исполнат бугарските барања за чувствителните прашања, како што се промените на Уставот и историјата, оценува „Медијапул“.  

„Случај како Северна Македонија навистина ќе ја крене во воздух коалицијата“, изјавил  
пратеникот од „Има таков народ“, Станислав Балабанов.Според него, дејствувањето на премиерот Кирил Петков и неговата надворешна политика се во спротивна насока од коалицискиот договор.

„Она што го прави господинот Петков и неговиот надворешнополитички тим е во сосема друга насока. И, ако не размисли и не го ревидира неговиот став, неговото јавно говорење ќе се судри со ветувањата што ги даде, па ќе имаме огромен проблем“, изјави пратеникот на ИТН

Според медиумот, Петков и неговата партија „Продолжуваме со промените“ покажале желба за брзо решавање на проблемите , но Македонија, БСП и „Има таков народ“ периодично потврдуваат дека не се подготвени за попуштање. Петков неколкупати кажал дека одлуката за Северна Македонија ќе помине во парламентот, но Балабанов се сомнева во тоа. Неговата партија постојано се сомнева дека премиерот ветил дека ќе го „пушти“ Скопје во ЕУ во рок од неколку месеци.

Со посетата на бугарската делегација на Битола, според „медиајпул“, се разбудиле духовите од минатото, распламтувајќи го повторно јазикот на омразата и недовербата.

„Наспроти тоа, Историската комисија, која има за цел да ги расчисти контроверзните историски прашања, практично тапка на место. Кирил Петков најави „огромен“ напредок во работата, но од комисијата објаснија дека тоа не е случај. Расте јавниот консензус за „ветото“ на преговорите на Северна Македонија,  а цената за промена на позициите ќе стане поголема од изборна гледна точка“, оценува „Медиапул“, практично сугерирајќи дека Македонија треба да пропаѓа на европскиот пат бидејќи Бугарија никако да стане функционална држава и сите влади и паѓаат. 

„ Владеечката партија станува се` поголем заложник на прашањето, па најчувствителните теми, како што се историјата и измените на македонскиот Устав, ќе мора да дојдат до израз за да може во Бугарија да се претстави решение кое е од растечки национален интерес за двете земји, со оглед на војната во Украина и тактиката на трети земји од регионот“, заклучува „Медијапул“.