И Османи се сликаше со сендвич како Вучиќ, ама поскап
Министерот за надворешни работи ,Бујар Османи, објави фотографија од виенскиот аеродром како јаде сендвич.
„Животот на министер за надворешни работи, во 5 часот наутро во работна облека, со сендвич во рака чекајќи на аеродромот (сега во Виена) за следната дестинација и состаноците на денот за да се направи повеќе лобирање за подобро идно добро на луѓето. Привилегија е што ја имам вашата доверба.
Денеска сум во Брисел на средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и други важни состаноци. Вечерта заминувам за Прага каде, како претседавач со ОБСЕ, го организираме главниот настан во рамките на втората димензија“, напиша Османи.
Утрово со седвич се фотографираше и српскиот претседател Александар Вучиќ, но со друга пи-ар агенда: Да покаже колку поефтинила храната во Србија откако владата решила да ги замрзне цените. Според објавеното, Вучиќ и тројца министри заедно потрошиле 585 динари (околу половина од таа сума во денари) за леб, мајонез, паризер и јогурт.