И од „Дрисла“ се сомневаат дека политички мотивирано е потпалувањето на пожарите


Фото: Б. Грданоски

„Дрисла“ е единствената санитарна лиценцирана депонија која од 2022 година не
согорува отпад туку со автоклав стерилизира и компримира со што од истата нема никаква
можност за загадување. (Од каде им се купиштата ѓубре во околината?)

– Сите тековни активности на претпријатието се извршуваат согласно техничко –
технолошкиот проектиран процес имајќи ги во предвид заштитата на животната средина,
здравјето на човекот и природата, а во согласност со постоечките законски прописи.
Апелираме до Министерството за внатрешни работи да пристапат кон истрага за
изнаоѓање и санкционирање на потпалувачите на пожарите, кои се сомневаме дека се
политички мотивирани за дефокусирање од реалните проблеми. Депонија Дрисла без вакви
намерни инциденти нема никаков потенцијал за загадување и работи според највисоки
стандарди – соопштија од претпријатието.

Претходно, премиерот Христијан Мицкоски, говорејќи за пожарот на депонијата „Дрисла“, рече дека е симптоматично тоа што вакви работи се случуваат во јавни претпријатија каде што свои кадри на раководните позиции има ДУИ.

Кадар на ДУИ одговорен за повторното разгорување на „Дрисла“, инсинуира Мицкоски

Опозициската СДСМ пак, вели дека претседателот на Управниот одбор на ЈП „Дрисла“ е кадар на ВМРО-ДПМНЕ.

Опозиционерите обвинија дека со тоа што го вперува прстот кон други за актуелната состојба со депониите во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски признава дека не само што неговата партија не ги исполнила ветувањата за Вардариште и „Дрисла“ туку не направила ништо за скопјани и ги оставила да се трујат

Опозицискиот СДСМ го прозва премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека токму неговата матична партија ВМРО-ДПМНЕ управува со Јавното претпријатие „Дрисла“, заедно со ДУИ. Ова следува откако претходно денеска, говорејќи за ситуацијата со „Дрисла“, Мицкоски го впери прстот во опозициската Демократска унија за интеграција, велејќи дека секаде каде што тие имаат кадар на раководните позиции се случуваат вакви работи.

„Токму Даме Димитровски, актуелниот советник на Мицкоски за животна средина во Владата и поранешен претседател на Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ, е претседател на Управен одбор на ‘Дрисла’. Претходно ВМРО-ДПМНЕ имаше и директор на ‘Дрисла’, Јане Мицевски, магистер за туризам и менаџмент“, велат од СДСМ.

Опозиционерите обвинија дека со тоа што го вперува прстот кон други за актуелната состојба со депониите во Скопје, Мицкоски признава дека не само што неговата партија не ги исполнила ветувањата за Вардариште и „Дрисла“ туку не направила ништо за скопјани и ги оставила да се трујат.