И Нинова како другите: Во Македонија имало јазик на омраза
Лидерката на бугарските социјалисти изјави дека од партијата на Слави Трифонов ќе барала одговор за три прашања, меѓу кои е позицијата за „македонското прашање“. На изборите на 11 јули во Македонија гласале 633 лица
Бугарските политичари во секоја пригода кога ќе се споменат односите со Скопје и блокадата на Софија, го повторуваат истото – Македонија да се откажала од јазикот на омразата. С остиот јазик со којшто зборуваше привремениот министер за надворешни работи Светлан Стоев вчера, продолжи денес претседателката на Бугарската социјалистичка партија (БСП) Корнелија Нинова.
Во Софија моментално се испитува теренот за начините како да се формира новата влада по овие избори и барем засега изгледа дека БСП на некој начин ќе биде дел од неа, па макар на чело биле протестните партии.
Зборувајќи за националната телевизија, Нинова изјави дека „не може РС Македонија да влезе во ЕУ преку националните интереси на Бугарија. Тоа му го кажав и на премиерот Зоран Заев“.
Според неа, треба да запрел јазикот на омразата во Македонија против Бугарија и „против луѓето кои покажуваат бугарска самосвест“.
Нинова во разговорите со најсилната партија во парламентот, Има таков народ, ќе барала одговори од формацијата на Слави Трифонов на три прашања: Каква е позицијата на ИТН за удската реформа, за македонското прашање и за Истанбулската конвензија за правата на жените. Социјалистите се категорично против, вели Нонова, против Истанбулската конвенција затоа што таа била противуставна и им противречела на бугарските сфаќања за полот и семејството.
Министерот за надворешни работи, Светлан Стоев, вчера на прес-конференција изјави дека Софија бара Бугарите да влегле во Уставот на Македонија. Тој притоа ги објави податоците колку луѓе гласале во Македонија на изборите на 11 јули.
Според Стоев, на 11 јули во Македонија гласале на бугарските избори гласале 633 лица. Во Скопје 123, во Битола 103, во Кавадарци 80, во Охрид 169, во Струмица 108 и во Штип 50. На изборите во април, според Стоев, гласале 510 лица.
Бидејќи бројката е сепак прилично мала тој рече дека „сигурно голем дел од оние Бугари што живеат во Македонија можеби гласале во Бугарија, но не можам да бидам прецизен“ (Н.В.)