И наркодилерите глумат хуманост делејќи помош


Претседателот на Мексико, Андрес Мануел Обрадор синоќа ги повика наркокартелите за време на пандемијата со Ковид-19 да не им делат пакети помош на населението.

Тој истакна дека такви случаи се забележани на повеќе места, но оти државата не може ништо да преземе против тоа.

Обрадор посочи дека наркокартелите пред се треба да се посветат на своите семејства и да размислат за незаконските активности, а не да се фалат како делат хуманитарна помош.

На социјалните мрежи се појави и видео-снимка на која се гледа како ќерката на главниот мексикански наркобос Хоакин Ел Чапо Гусман дели хуманитарни пакети, на кои стои фотографија на нејзиниот татко, кој е во затвор.