И на Русија ѝ снемува муниција за модерните оружја


Украински војници во градот Лисичанск

 

Русија нема модерно оружје и мора да прибегне кон употреба на тешки противбродски ракети во копнените напади против Украина – кои се многу неточни и можат да предизвикаат значителни жртви и колатерална штета, соопшти британското Министерство за одбрана.

Видовме пред неколку недели за време на руските напади врз јужниот град Одеса, тие користеа стари советски резерви, јави Би-Би-Си.

Симптоматично за Русите е да им снема оружје.

Тие ги потрошија своите помодерни крстосувачки ракети, го користеа своето попрецизно оружје со висока технологија, па мораат да копаат длабоко во арсеналот за да откријат што лежи наоколу.

Некои Руси би го оспориле тоа – тие би рекле дека има некои тактички причини за тоа, но сосема е веројатно, особено со оглед на санкциите под кои Русија се наоѓа, дека голем дел од нејзиното оружје бара увоз на модерна западна технологија за да се направат нови резерви.

Така, штом ќе ги искористат сите, со оглед на санкциите под кои се подложени, можеби ќе треба да прибегнат кон користење стара опрема.