И Македонија ќе донира воена опрема за Украина
Владата на Македонија се придружува на поддршкате на сојузниците во НАТО и партнерите во ЕУ, и донесе одлука за донација на воени средства и опрема за официјалните вооружени сили на Украина.
Како што информираат од владината прес-служба, видот на средства кои се донираат се согласно барањата на Украина. Какви се тие барања не се наведува, но Македонија очигледно застана зад политиката на западните партенри без да се колеба – и околу санкциите и со затворањето на македонското небо за руските авиони.